По речиси 20-часовен распит во полициска станица, Oбвинителството бара притвор за Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар.

Јакимовски периодов им се закануваше и ги навредуваше новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, многупати бил пријавуван за семејно насилство, а доби и други поплаки за навреди и закани на социјалните мрежи. Поплаки против него има поднесено и директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска – Јанковски.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем), како и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5. Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот – се вели во соопштението на ОЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.