Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за изрекување казни од по 2 000 евра за три лица од Скопје за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, од кои две за непочитување на полициски час и еден за прекршување на задолжителна самоизолација по враќање од странство.

– Првиот обвинет, на 26 март, пристигнувајќи на граничниот премин Блаце, потпишал изјава дека ќе спроведе самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом во кумановско Никуштак, бидејќи се враќал од земја со среден/висок ризик за ширење на заразната болест Ковид-19. Меѓутоа, без да се пријави на надлежните, самоволно ја напуштил собата за изолација на граничниот премин и влегол во автомобил „Цитроен Ксара“ во сопственост на друго лице кое го повикал по телефон, па заедно се упатиле кон Скопје. Полициските службеници од граничниот премин Блаце тргнале по нив и кај местото викано Вражји Вир, на околу еден километар од граничниот премин, ги запреле и ги вратиле на преминот, информриаат од ОЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.