Обвинителката Наташа Гоџовска се повлекува од случајот со малата Тамара Димовска. Без образложение денеска не се појави на рочиштето против 12 темина обвинети, а само телефонски го известила судијата Марин Станевски дека нема да го застапува обвинението.

Од обвинителството за сега нема информации која е причината поради која се повлекува Гоџовска. Инаку за тоа што фондот за здравство не му овозможи лекување во странство на осум годишното девојче обвинети се доктори од двете лекарски комисии, поранешните директори на фондот за здравство и претседателката на управниот одбор.

Судењето започна во јуни лани, сите обвинети се изјаснија за невини, а во меѓувреме се испитани сведоци и изведени материјални докази. Со повлекувањето на обвинителката тоа ќе треба да почне од почеток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.