Еден македонски државјанин и тројца државјани на Пакистан, се обвините дека како соизвршители сториле кривично дело „Криумчирање на мигранти”. Во соопштението од Јавното обвинителство, се вели дека од средината на октомври 2019 година до 01.11.2019 година, во с.Ваксинце, Кумановско-липковски регион, обвинетите, заедно и по предходен договор во куќа сопственост на првообвинетиот, прифатиле и засолниле мигранти по потекло од Индија, Авганистан, Пакистан и други земји од Азија.

Со намера да стекнат материјална корист, обвинетите Пакистанци постапувале особено понижувачки и сурово кон мигрантите. Тие спротивно на волјата на жртвите, повеќе денови присилно ги држеле во дел од куќата каде на прозорците залепиле црни кеси, поради што мигрантите го изгубиле чувството за време и не знаеле дали е ден или ноќ. Жртвите добивале еден оброк дневно што не им било доволно и биле физички малтретирани, информираат од Јавното обвинителство.

Во соопштението се објаснува дека кога мигрантите ќе посакале да си заминат, обвинетите Пакистанци со намера да извлечат дополнително пари од мигрантите, постапувале понижувачки и сурово кон нив удирајќи ги со црево по телото, а потоа им ставале нож под грло држејќи ги од зад грб и им се заканувале дека ќе бидат убиени доколку не платат пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.