Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи врши увид на местото каде вечерва се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ).

Според првичните информации, како што наведуваат, несреќата се случила откако автобус со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешак кој се движел по магистралниот пат Гостивар – Охрид. Како последица на настанатите повреди лицето го загубило животот.

-Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место и за утврдување на евентуално присуство на алкохол во крвта на возачот на автобусот. Издадена е наредба за вршење обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Гостивар презема дејствија за целосно расчистување на настанот, соопшти ЈОРМ.​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.