Одбраната и обвинетите во случајот ,,Монструм” денеска ќе извршат увид во извештајот на МВР за анализата на 10 од 31 мобилен телефон. Оваа одлука произлезе од фактот дека адвокатите и обвинетите во овој предмет добиле само известување од анализата, но не и содржината на извештајот на МВР за мобилните.

Претставникот од Одделението за дигитална форензика, при својот исказ во судот ја објасни постапката како се врши анализа на мобилните телефони.

Постојат случаи кога софтверите не нудат поддршка за екстракирање на одреден телефон. Подготовката на овој извештај почна на 24 октомври 2019 и траеше до февруари 2020, рече тој.

Техничката неисправност кај дел од мобилните телефоните биле недостаток на батерија, неможност за поврзување со компјутер, нефункционална батерија и слично.

Случајот ,,Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.