Гевгелиското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против 43 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Од обвинетите, 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски” во Гевгелија играле оро, на претходно пуштена музика. Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Македонија со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од вирусот Ковид-19.
Останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.
Основното јавно обвинителство Гевгелија ги достави предлозите со кои му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 10 евра во денарска противвредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.