Поради тоа што еден од овинетите е позитивен на Ковид-19, одложено е денешното рочиште за случајот „Титаник“.
Одбранатадо Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на коронавирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните 20 дена, односно во тој период нема да се одржат главните расправи.
Во однос на ново настаната ситуација судијата Осман Шабани, ги задолжи адвокатите на обвинетиот, пред 5 ноември да го известат судот за неговата здравствена состојба.
Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.
Обвинителниот акт инициран од поранешното Специјано јавно обвинителство, за овој предмет сомничи 20 лица за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.