Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен предлог против 57 – годишниот професор од Струга кој минатата недела со метален предмет повреди ученик во гимназијата „Ибрахим Темо“.

Професорот по англиски јазик, кој и претходно бил проблематичен, ќе одговара за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија. Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, наведено е во соопштнието на ОЈО.

Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.