Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донело Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 26 години, осомничено за кривичо дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 18 јуни, во автомобил марка Ауди А6, неовластено за продажба држел наркотична дрога – 11,02 грама кокаин во повеќе полиетиленски пакувања. При претрес на неговиот дом, пак, полицијата пронашла и 2,59 грама марихуана – информираат од битолското Обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради проценката дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.
Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.