„Фиат“ се заби во возило на ДХЛ, а на местото на настанот и околу 20 специјалци. Незгодата се случила утрово на улицата „Скупи“, во близина на болницата Систина. Улицата е блокирана за сообраќај.

Според едната верзија на очевидци од местото на настанот, постојат сомнежи дека се работи за грабеж, а според другата специјалците случајно се нашле на местото на настанот.

Од СВР Скопје за „Република“ потврдуваат дека утрово во 7.30 часот била пријавена сообраќајна несреќа помеѓу „фиат“ и „фолсфаген“ на улицата „Скупи“, но дека полицискиот увид сè уште е во тек, по што ќе се знаат повеќе детали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.