Осомничениот влезе во судницата облечен според салафистички дрес-код. Со сива јакна, бела маица, долга и бујна брада која не може да ја покрие ниту една заштитна маска. Носеше црни панаталони и кожни обувки. Сликата ја заокружуваа металик-сребрените лисици, вака го опишува германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“, германецот со македонско потекло, Филан М. кој се се појавил во судот на 2 септември обвинет за тероризам.
Бев наивен, била една од ретките реченици кои Филан Митрев ја изустил пред судијата во Франкфурт.
Обвинението кон Филан Митрев се однесува за подготовка на сериозен чин на насилство што ја загрозува државата, кршење на Законот за воено оружје и телесни повреди. 25-годишникот е обвинет дека подготвувал самоубиствен напад врз паб во Заксенхаузен и дека набавил водороден пероксид, ацетон, батерија и сулфурна киселина, како и разни електронски стартери за оваа намена.
Нападот пропаднал затоа што пред да биде извршен, Филан М. имал застарено соопштение објавено на социјалните мрежи кое го издало. Исто така, се вели дека се обидел да купи митралез и муниција на Интернет.
Според овој медиум, Филан М. не бил најсветлата свеќа на тортата. На судењето било споменато дека тој месечно добивал по 1. 000 евра од својот татко, бидејќи ги барал за да изнајми трафика за работа, но на прашањето на што ги трошел парите Филан не дал одговор.
Тој само научил да консумира марихуана и успеа да заглави две ипол години во затвор поради изнуда и физички напади. „Патот до верата“, пишува Франкфуртер Рундшау, Филан М. го пронашол токму во затворот во Франкфурт. Преминал во Ислам и станал голем поборник на Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.