Министерството за внатрешни работи на својата веб-страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци.

Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 населба Лисиче (до Трговскиот центар)-Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 8:30-16:30 часот, на кои согласно член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, доколку не се задоволни од донесеното решение ќе можат да поведат управен спор пред Управниот суд, се вели во објавата на веб-страната на МВР.

Доколку лицата не се јават, додаваат, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.