Двајца обвинители вршат увид на авионот Цесна, кој вчера се урна кај Солунска Глава, заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи и судска медицина обидувајќи се да ги утврдат причините за авионската несреќа. Бугарските медиуми пак објавија аудио снимка од дијалогот помеѓу контролорите во Македонија и пилотот кој управувал со авионот.
Имено, во авионската несреќа животот го загуби Георги Бошнаков, сопственик на компанија за рециклирање отпад, неговата сопруга и нивните две деца при што стапил во контакт со контролорите бидејќи почувствувал турбуленции додека управувал со авионот.
Разговорот се одвивал на англиски и македонски јазик, а после неколку разменети информации, контролата на летање од Скопје не добивала повратни одговори од Бошнаков.
Се обидуваме да избегнеме еден поголем облак, вели Бошнаков.
Може да се прелета над Солунска Глава, нема облаци, сигурно е и чисто со база од над 300 метри над врвот“. „Да, ама пилотот јави дека е турбулентно и го снема од радар, разговараат контролорите.
Целосниот разговор може да го погледнете тука, а делот од разговорот помеѓу Бошнаков и контролорите почнува од 11.36 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.