Непознати сторители насилно влегле во три викендички деновиве во Тиквешко, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Се работи за две викендички кај росоманското село Сирково и една кај Тиквешко Езеро. Според првичните согледувања, во два од објектите била причинета помала материјална штета, а во една од викендиците било пријавено оштетување од околу петстотини евра, појасни Додевски.
Тој нагласи дека се утврдува висината на материјалната штета и интензивно се трага по оние кои насилно влегле во викендичките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.