Обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство – Гостивар извршен е изутринава во 5:30 часот во село Чегране. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.

Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.

Обвинителството презема дејствија за расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.