Координаторот на ковид болницата во Тетово, Гзим Нуредини денеска истакна дека за три минути изгорела цела модуларна болница, и тоа е чудна околност, бидејќи како што вели, суво дрво нема да изгори за три минути.

Тоа било три минути, дојдов за три минути беше се завршено. Ние не сме експерти и затоа ноќта баравме јавен обвинител, МВР да интеревнира. Чудно ни беше за три минути да имате цел објект во пламен и да остане само железо. И суво дрво да е нема да гори така – рече Нуредини.

Починатите се пратени на Институтот за судска медицина затоа што биле изгорени до степен на непрепознатливост. Тие што се спасени биле без никакви последици од огнот и веднаш биле транспортирани во Интерната клиника во Тетовската болница.

Нуредини кажа дека посети не биле дозволени, и дека имало известување до сите одделенија да бидат забранети посети на пациенти болни од Ковид-19.

Секоја посета е казнива, и по протокол тоа е казниво. Не може роднина да се грижи за пациентите. И порано имавме укажувања дека имало. Пративме известување до сите одделенија дека не се дозволува посета. Законски не е дозволено фамилија. Кога гореше болницата, дојде цело Тетово, од сите делови да помогнат, но за три минути беше се изгорено – вели координаторот.

Во моментов во Тетово се хоспитализирани 57 пациенти позитивни на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.