Петмина вработени во МВР се заразани со коронавирус, објави денеска заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот Фејсбук профил. Тој притоа како ризична ја посочува и полициската станица „Петровец“. Ги повикува вработените во МВР да ја зголемат грижата со оваа ситуација.
„Ковид-19 почна да го погодува Министерството за внатрешни работи Потврдено е дека имаме петмина вработени во полицијата, а во полициската станица „Петровец“ постои можна опасност! Ги повикуваме вработените во полицијата да ја зголемат грижата за време на справувањето со создадената ситуација“, напиша Нухиу на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.