Сопружници од Штип и од селото Аргулица кои живееле одвоено се обесија за 24 часа еден по друг. Вчера се обеси 25-годишниот штипјанец Т. С., а денеска и неговата 22-годишна сопруга С. К. од селото Аргулица. Од Јавното обвинителство велат дека не станува збор за недозволена љубов, туку самоубиствата се поради поради некои други недоразбирања на младите сопружници кои се разделиле и последнава година не живееле заедно, пренесува СДК.МК.
Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова рече дека момчето било најдено обесено вчера околу 10 часот во близина на Архелошкиот локалитет Баргала, а неговата сопруга била пронајдена обесена денеска околу 9 часот во помошна просторија во селото Аргулица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.