Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (15/16.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.