Нова жрвтва на истата измама што со месеци успешно ја изведува една или повеќе групи низ државата. Се јавуваат кај постари лица, на кои им велат дека нивен близок член од семејството предизвикал сообраќајка во која настрадало дете. Ако сакаат помош од „сведок“, треба да платат.

Досега неколку македонски граѓани се измамени и платиле и по неколку илјади евра. Други, пак, го надминале шокот и откако се слушнале со најблиските, сфатиле дека за малку ќе биле жртва на измама.

Нов ваков случај во СВР Скопје бил пријавен вчера во 15,30 часот.

Како што пријавила 77-годишната скопјанка Ѓ.Б., во 09.00 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во населба Аеродром со возило прегазиле дете, при што едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ биле побарани пари.

По одредено време на улица во нас.Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што Ѓ.Б. на едното му дала 52000 денари. Подоцна пријавителката исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.