Полициските службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар вчера извршиле проверка по однос на решенија издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изречени мерки домашна изолација на лица и домашно лекување и самоизолација.
Притоа, М.С.(38) од Тетово, малолетно 16-годишно лице од Мала Речица, И.Р. од Жеровјане, А.Ј. (44) од Гостивар, С.З.(38) од Неготино-Полошко, Х.Х.(29) од гостиварски Сенокос, С.М.(26) од гостиварско Врапчиште и А.И.(21) од гостиварско Дебреше не ги почитувале издадените решенија, односно ја напуштиле државата и постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Овие осум лица се приклучуваат кон постоечките 13 случаи кои во изминатите неколку дена ја напуштиле Македонија иако биле заболени или имале решенија за изолација по контакт со заболен од ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.