Вооружена група разбојници утрово извршила грабеж во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај, пренесува „Сител“. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба.
Според информациите на телевизијата надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.
Во април ограбена беше експозитурата на банката во Чаир. Тогаш беше повреден вработен од обезбедувањето на банката, а беа украдени 150 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.