Околу 18 часот синоќа во населбата Железара во Скопје се случил нов напад од глутница кучиња скитници. Повредена е 49 годишна скопјанка која поради здобиените повреди била пренесена во клиничкиот центар. Лекарите од инфективната клиника ја сошиле раната и поставиле дрен за да спречат инфекција, а пациентката ја примила и потребната вакцинална терапија, објави Сител.
Нападот се случил кај трите кули во населбата додека скопјанката одела да пазари од маалската продавница. Жителите на населбата реагираат и бараат помош бидејки истото куче и претходно напаѓало жители на населбата.
Ова е втор напад во кој е повредена 49 годишната жена. Фотографијата која ја добивме е направена по синоќешниот напад, а случајот и овој пат е пријавен кај надлежните служби. Жителите на оваа населба апелираат градските власти да преземат соодветни мерки за да се спречат нови напади. Стравуваат дека последиците може да бидат многу посериозни доколку кучињата нападнат некое од децата во населбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.