Денеска во 3.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ф.И.(43) и Ф.И.(47), двајцата од Куманово.

Тие се осомничени за инволвираност во настан во кој имало пукање од огнено оружје пред угостителски објект на ул.„Димитрије Туцовиќ“ во Куманово, во кој нема повредени лица, соопштија од МВР, од каде велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.