Ноќва околу 03.05 часот во СВР Скопје пријавено било дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „бмв 530“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.С.(64) од Скопје.
Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Д.(38), информираат од МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
Опожарентие возила не се нова вест кога станува збор за овој дел на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.