Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 (03.07/04.07.2021) спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што санкционирани се 53 возачи.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, 56 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 11 за возење без возачка дозвола.
Изречени се 19 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 за нерегистрирани возила, пет за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 36 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.