Натчовечки напори вложија струмичките пожарникари и нивните колеги синоќа за локализирање на пожарот во трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица. Огнот којшто зафати голем дел од внатрешноста на објектот им оневозможуваше на пожарникарите да влезат и одвнатре да реагираат, бидејќи според првичните информации, огнот тргнал некаде од задниот влез што се користи за дотур на стока, објави тв-ВИС.
Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во обејктот не бил во функција, односно немал вода. Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот. Тие се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни. Ваквите услови ги принудиваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време.
Објектот, за жал, се уште не е целосно безбеден од нов пожар и ќе мора да се чува уште некој ден. Велат дека ги разбираат реакциите на граѓаните, но, дека е потребно да се запознаени со целата ситуација за да ги согледаат правилно настаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.