Ни маски, ни дистанца. Гужви, пеење, играње…вака изгледаше синоќа во познат скопски локал во кој концерт одржал српскиот пејач Владо Георгиев. И тоа токму на денот кога во земјава имаше алармантни нови 225 новозаболени од ковид-19 и кога епидемиолозите предупредуваат дека најголем број од новите случаи се заболени во угостителски објекти кои не ги почитуваат протоколите.

Поради непочитување на здравствените мерки, Пазарниот инспекторат издаде решение за затворање на ексклузивниот ланч бар „Мош“ во центарот на Скопје. Од првиот човек на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, Канал 5 дознал дека МОШ имал забрана за работа и кривична пријава уште минатата недела, а вчера и покрај забраната за работа кафе барот „МОШ“ организирал концерт, каде немало никакво почитување на мерките.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.