Независниот синдикат на полицијата побара премиерот Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев итно да се договорат за наградата за полицајците и таа да се исплати во јуни, заедно со платата.
За мене ова е класична политичка игра. Политичка борба. Се она што се случува е – јас барам ти не даваш, јас ќе дадам кога ќе сакам. Ова што го кажувам сликовито полицајците го гледаат иронично. Го гледаат како нешто со кое некој сака да направи полички поен пред избори оти во прашање се денови кога ќе бидат изборите. И од моја страна е пораката итно и веднаш да седнат и министерот и техничкиот премиер оваа работа да ја надминат. Сите знаеме што се случуваше изминатите три месеци. Сите знаеме дека е огромен бројот на вработени во полицијата кои во изминатиот период имаа директни контакти со заразени, беа позитивни, беа во изолација на разно разни боледувања и се уште дел од нив се без завршен третман. Овој паричен износ најбрзо што може треба да се реши и ако е можно да се исплати со платата што ќе биде поделена во јуни. Не може да се случи СЈО и Фондот за инвестиции да добиваат парични износи, а за полицајците кои дале труд и биле дополнително ангажирани за овие мерки од Владата, да нема пари, рече претседателот на Независниот синдикат Гоце Делчев – Тодев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.