Тројца тетовци се обиделе да ги озаконат парите што ги стекнале на нелегален начин така што по основ на купопродажен договор за локал, уплатувале парични средства во вкупен износ од 17.548.800 денари на жиро-сметката на фирма од Тетово. Осомничените го направиле делото во декември 2017 година, а СВР Тетово поднесе кривична пријава против нив по две години истрага.
М.Н. (37) од с. Палатица, тетовско, Н.Џ. (64) и А.Џ. (41), двајцата од с. Селце Кеч, тетовско, се сомничат за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Тројцата, пишува во билтенот, немале економска оправданост за парите што ги уплаќале, бидејќи првопријавениот и второпријавениот биле невработени, а третопријавениот бил вработен, но месечниот приход кој го добивал не ја оправдувала висината на вложените средства.
Од полициски службеници било утврдено дека за паричните средства немаат конкретно потекло, а разделување на трансакциите било извршено со цел да ја избегнат должноста за пријавување на наведените финансиски средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.