Внук ја пронашол својата баба мртва во бањата, со повреда на главата.

Според пријавеното, вчера попладне околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бања во куќа на ул.„Лука Геров“ во Скопје, 17-годишник ја пронашол почината, со повреда на главата, неговата баба Е.Т.(81).

Од лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.