Возило излетало од коловоз и се превртело. Според билтенот на МВР, несреќата се случила синоќа, во 20.00 часот на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост. Патничко моторно возило „БМВ Х5„ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н (45) година од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело.

Со повреди се здобил С.Н., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.