Со тешки повреди на раката жена од Демир Хисар била пренесена во болница откако се повредила на машина за сечење тесто во пекара.
МВР информира дека во 23,15 часот било пријавено дека во Скопје на булеварот „Киро Глигоров“ во пекара, 36-годишната А.Р. од Демир Хисар, додека ја чистела пресата за сечење тесто се здобила со повреди на десната рака.
А.Р. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.