Две деца на возраст од 2 и 5 години се потешко повредени а нивната мајка минала со полесни повреди откако рано утрово на нив налетал воз. Според се уште неофицијалните информации, тие се здобиле со тешки телесни повреди кога на нив налетала локомотива додека нивната мајка со автомобилот ја минувала железничката пруга, пишува Пресс24.
Според се уште неофицијалните информации, мајката минала преку железничката пруга иако била вклучена сигнализацијата дека треба да наиде воз.
Според се уште неофицијалните информации, едно од децата е во потешка состојба и се транспортира на скопските клиники, додека другото е згрижено во битолската болница.
Очевидци велат дека рано утрово околу 8 часот локомотива која вршела сервис на железничката пруга удрила во возилото и го влечела неколку метри по шините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.