Вчера во 20,45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, на место викано „Сушичко стопанство“, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „волво“ со швајцарски национални ознаки, управувано од М.К.(56) од с.Н.Коњарево, и трактор „ИМТ 533’, управуван од С.Т.(54) од с.Сушица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.