Во текот на минатиот месец, царинските службеници открија една царинска измама, тројца мигранти, како и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани златен накит, муниција за огнено оружје, рачни часовници, ремчиња за часовници, цигари, кафе за автомати, текстилни производи, делови за товарни возила, моторни пили, аудиотехника и фалсификати.
Привремено се задржани:
Златен накит
– 266 грама златен накит, откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на турски автобус, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во куфер сместен во багажниот простор на автобусот и во рачна торбичка сместена во делот за багаж над седиштатата, биле пронајдени 1 златен гердан, 1 златна нараквица и 15 златни ланчиња со приврзоци. Непријавениот накит е привремено задржан, а против сопственикот, турски државјанин кој патувал со автобусот, ќе биде поведена соодветна постапка.
Муниција за огнено оружје и рачни часовници
– 5 парчиња муниција, 36 рачни часовници и 14 ремчиња за рачни часовници, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Муницијата била пронајдена во преградата под потпирачот за раце помеѓу предните седишта, додека рачните часовници и ремчињата биле пронајдени во рачна ташна, во преградите на вратите и во фиоката под возачкото седиште. Муницијата е предадена на полициските службеници од граничниот премин, додека часовниците и ремчињата се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Кафе и цигари
– 4.000 капсули кафе неспресо за автомат (околу 34 килограми), откриени при контрола на празен босански камион управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата граничниот премин Дојран. Непријавенитре производи, пронајдени врз горниот кревет и позади возачкото седиште во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 9600 грама кафе во зрно, тип „LAVAZZA crema e aroma“ (96 пакувања по 1 килограм), откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавеното кафе, пронајдено во 16 картонски пакети сместени во багажникот на воизлото и покриени со куфери, торби и разни кеси, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Во багажениот простор покриени со куфери , торби и разани кеси во 16 картонски пакетите
– 20 штеки цигари марка Rothmans со македонски акцизни маркички, откриени во соработка со полициските службеници од граничниот премин Блаце, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата. Непријавените цигари биле пронајдени под тапацирот на подот пред совозачкото седиште и во патна торба сместена позади совозачкото седиште. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Облека и други текстилни производи
– 282 парчиња текстилни производи (облека, теписи, постелнина и завеси) откриени во 2 одвоени случаи, во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на два бугарски автомобили, управувани од бугарски државјани, извршени на регионалниот пат граничен премин Ново Село – Ново Коњарево.
Во првиот случај, биле пронајдени 267 парчиња облека и постелнина (маици, детски тренерки, кошули, џемпери, панталони, фустани, хеланки, чорапи, долна облека, перници и покривачи), сопственост на три бугарски државјанки кои патувале со автомобилот.
Во вториот случај, биле пронајдени 9 парчиња теписони со различни димензии, 1 комплет постелнина за спална и 5 парчиња завеси со механизам, сопственост на возачот, бугарски државјанин.
Во двата случаи производите се предадени на царинските службеници од граничниот премин Ново Село, а против патниците ќе бидат поведени соодветни постапки.
– 83 парчиња женска облека (фустани, панталони, блузи, палта, џемпери, дуксери и кошули), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во неколку куфери и еден ранец сместени позади предните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Измама
Царинските службеници од граничниот премин Ново Село, спречија обид за пуштање во промет на стока без претходно да бидат спроведени пропишани царински формалности. На граничниот премин, за излез од државата се пријавил молдавски камион, управуван од молдавски државјанин, кој на барање на царинските службеници приложил документи со кои се пријавил претходно за влез во Република Македонија, на граничниот премин Деве Баир. Од приложените документи било утврдено дека камионот бил натоварен со 17.086 кг стаклени шишиња, наменети за увозник од Кавадарци, но возачот не поседувал документ како потврда дека истите се увозно оцаринети. По консултација со царинската испостава Кавадарци и со одговорното лице на увозникот било потврдено дека стоката не е оцаринета а дека е примена во магацин на увозникот. За сторениот царински прекршок против правното лице и одговорното лице е поведена прекршочна постапка.
Делови за товарни возила и моторни пили
– 2 комплети плочки за кочници, 1 пумпа за гориво, 1 сензор за масло и 1 модул за дозирање за товарно возило MAN, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи пронајдени во багажникот на возилото, во просторот за резервна гума, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 8 употребувани моторни пили марка STIHL, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените моторни пили, пронајдени во два куфери сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Аудиотехника
– 7 разни употребувани и нови аудиотехнички уреди (микрофони, ресивери за микрофони и еквилајзер) и 3 зглобови за осветлувачки рампи, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во просторот за резервна гума на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 30 спортски ранци и 66 пара машка долна облека со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за фирма од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
– 2 кожни ремени со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на ДХЛ пратка од Бахреин, наменета за физичко лице од Охрид. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Мигранти
При длабинска контрола на патниот правец граничен премин Табановце автопат- Куманово, мобилните царински тимови откриле тројца странски државјани без документи за идентификација, кои се движеле пешки во правец кон Куманово. Илегалните мигранти, кои изјавиле дека се пакистански државјани, се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошно постапување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.