Во пожарот кој ја зафати тетовската модуларна болница неофицијално има над 13 жртви, дознава Прес24. Според непотврдени информации до кои дојде Република загинато е цело семејство кое било згрижено во модуларната болница.

Информацијата дека има жртви ја потврди и командирот на тетовската противпожарна служба но не сакаше да изнесува бројки. Рече дека извадиле повеќе изгорени тела од пожарот но дека работа на други институции е да ги соопштат бројките.

Тој потенцираше дека пожарот бил пријавен во 21:00 часот, за половина час целосно го ставиле под контрола и покрај тоа што објектот бил цел изграден од пластика и огнот многу брзо се ширел. До 21:45 целосно го ликвидирале пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.