Четири лица, меѓу нив и еден вработен од кумановскиот затвор се повредени од остар предмет во физичка пресметка која се случила вчера во затворот К’шање, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера во 14:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу осум лица, од кои четири се повредени со остар предмет, меѓу кои и еден затворски службеник, информира СВР Куманово.
На повредените им е укажана лекарска помош, а кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.