Нема протести против пресудите за случајот „Монструм“. Блерим Амети не се појави на најавениот протест кај паркот во населба Чаир. Тој иако го најавил истиот во полиција во телефонски разговор вели дека поради најави од Владата за престој на делегаци истиот го одложиле за наредниот период, пренесе Слободен печат.
Инаку, организаторот Блерим Амети е братот на контроверзниот Ел-Чека кој ја шокираше јавноста со објавените „бомби“ односно прислушувани телефонски разговори за низа криминални активности на на високи функционери на ДУИ.
Претходно и потпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за „Слободен печат“, информира дека Ахмети денешниот протест го пријавил уредно во МВР.
Од денешниот протест во изјава за „Слободен печат“ се огради членот на семејствата на осудените во случајот Монструм, Бедри Ајдари. Тој најави дека ќе протестира на 2 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.