Кривичниот суд денеска не донесе пресуда против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешните „алфи“ обвинети за случајот “Тортура”, кој се однесува на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 – ден по парламентарните избори.
Судот донесе одлука главното рочиште пак да се преотвори бидејќи не е јасно кој од обвинетите што извршил, а неспорно е дека има дело. На наредните рочишта ќе треба да се утврди кој какво дејство извршил и како влијаело на целокупниот настан.
Обвинителството тврди дека при апсењето на Бошкоски имало мачење. Тој не давал отпор, а била употребена полициска сила, бил легнат на земја во близина на полски тоалет кај ресторанот „Воденица“ во Скопје, бил враќан за да го снимаат телевизиските камери со цел јавно да го омаловажат, а сето тоа предизвикало психичко страдање. Мотивот, рече Лапе во завршните зборови, бил реваншизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.