Нема повредени во пожарот кај Велес, голема матерјална штета прерпе угостителски објект кај езерото, а во опасност е и викнед наслеба во близина на езерото. Спасен е хотелот Глориус. Изгоре цела фарма. Пожарот се прошири кон Чашка.
Сообраќајот од автопатот Скопје – Велес, од клучка Башино село до влез на градот Велес, се пренасочува по регионалниот пат езеро „Младост” кон Велес поради шумскиот пожар во Велешко.
Како што информира Автомото сојузот на Македонија, пренасочувањето на сообраќајот е од вечерва, од 18:10 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.