На 26 октомври, при претрес на куќа во Ваксинце, во помошна просторија биле откриени
81 мигрант, од кои 19 малолетници. Лицето е приведено. Мигрантите се пренесени во транзитниот центар Табановце – изјави истиот ден Тони Ангеловски, помошник за односи со јавноста на министерот за внатрешни работи.
Телевизијата Алсат, две дена подоцна праша што се случи со приведениот, 50-
годишен жител на селото Ваксинце со иницијали Н.А. лице кое има криминално досие и
има одлежано казна затвор.

Запрашан за случајот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прво кажа дека не ја знае судбината на приведениот, за потоа веднаш да „распали“ по обвинителството, пишува „360 степени“.

Острата реакција беше причина „360 Степени“ да провери – кои мерки ги презело
обвинителството, имајќи ги предвид претходните акции кога уапсените најчесто биле
притворени или против нив биле изречени други мерки за обезбедување.

На прашањата за конкретниот случај – каква постапка е отворена и дали против „домаќинот“ на 81 мигрант е барана мерка за обезбедување одговорија:

Кривична пријава до денес не е доставена ниту е посочено конкретно лице за кое постои основано сомневање дека е сторител на кривично дело. Надлежен јавен обвинител презема дејствија во насока на расветлување на случајот. Донесени се наредби за прибирање потребни
известувања и сослушани се дел од откриените малолетни лица – одговорија од ОЈО.

Иако нема директен одговор, може да се заклучи дека обвинителството не побарало
никаква мерка за 50-годишниот жител на Ваксинце. Индиректно, оправдувањето е дека
против лицето не е поднесена кривична пријава.

Во МВР, на прашање зошто за Н.А. од Ваксинце не е поднесена кривична пријава одговориле:

МВР ја има завршено својата работа со тоа што го предава лицето со соодветен поднесок
до обвинителството. Натаму е работа на обвинителството и тоа одлучува дали има
потреба и дали ќе побара мерка притвор за одредено лице, во конкретниот случај го
имаме 50-годишникот од Ваксинце!

И додека МВР и Обвинителството не можат да се усогласат зошто Н.А. од Ваксинце е на
слобода, при последната акција од петокот, во истото село, беше применет сосема
поинаков аршин.

Против тројцата Пакистанци и македонски државјанин со иницијали Б.А. од Ваксинце,
обвинителството веднаш отвори истражна постапка. Тројца од групата веќе се во
затворски, а еден во куќен притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.