Битолскиот судија-кривичар Миле Димовски денеска од Судскиот совет е именуван за нов претседател на Основниот суд во Битола. За шеф на велешкиот суд е избрана Лидија Димова, а Миле Георгиев ќе раководи со судот во Делчево. Зоран Стевановски е избран за претседател на прилепскиот суд, додека Илир Сулејмани е избран за шеф на Основниот суд Скопје 2. Судскиот совет треба да избере и шестмина судии во апелационите судови низ земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.