Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 15:45 часот, на крстосницата на магистралниот пат Гостивар-Кичево со локалниот пат за с.Зајас.
Според МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „голф“, со кичевски регистарски ознаки, управуванo од Р.Ј.(51) од кичевското село Колари и мотоцикл „гланз“, управуван од А.И.(31) од с.Зајас.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.