Вчера во 12:45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на брегот на Охридското Езеро во Струга била опожарена езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. За настанот бил известен Јавен обвинител и бил извршен увид на местото. Се преземаат мерки за расчитување на случајот, велат од МВР.

Изминатите години неколкупати горела трска во Охридско Езеро, најчесто од подметнат пожар. Загрижени граѓани повторно коментираат дека некој сигурно си прави плажа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.