Полициски службеници од Полициската станица Гостивар вчера попладне го лишиле од слобода М.И.(32) од с.Добридол, гостиварско, сопственик на угостителски објект, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

По претходна пријава, полициски службеници и инспектор од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во угостителскиот објект, кој од претходно бил затворен од ДПИ – Гостивар, при што во објектот биле затекнати повеќе лица кои присуствувале на семејна веселба.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.