На денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ почна доказната постапка. И одбраната и обвинетите имаат несогласување по две точки. Првото дали материјалните докази односно документи целосно да се читаат или само како наслови и делумно прикажување
Дувам и на ладно, нагласи Боки барајќи документите да се читаат во целост.
Но, со неговиот став не се сложија останатите.
И втората точка е за објавувањето на снимките во домовите на обвинетите заради заштита на приватноста.
Немам ништо против да се прикажуваат. Нека види јавноста како се вршат претресите и како се нарушува приватноста. Јас не бев во домот, изјави Јасна Ерцеговиќ.
Но, несогласувањњето дојде од одбраната на Фросина Ременски.
Покрај изведените докази и предмети од домовите на обвинетите, вниманите привлекоа и два докумети, договори за донација од 26.4 2018 година. Во Првата донација како примател се јавува 1Тв, а како давател Јасна Ерцеговиќ со околу 3 милиони денари, намени за набавка на техничка опрема. Втората донација со примател на „БЈМ медиа“ и поторно Ерцеговиќ како давател, исто од 3 милиони денари, се однесува за радиодифузна такса за 1ТВ.
Ергеговиќ имаше забелешка дека во доказите било наведено дека е приведена, за што таа тврди дека сама се пријавила во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.