Синоќа во 19:45 часот на паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(38) од Неготино, удрило во пешакот В.А.(44) од Неготино. Веднаш потоа настанала и физичка пресметка помеѓу нив. Во несреќата В.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.