Полициската станица Неготино во содејство со Секторот за општ и насилен криминал на Одделот за крим полиција при БЈБ на МВР вчера до надлежното ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.К. (44) од Неготино поради постење основи на сомнение дека сторил кривично дело “убиство од небрежност“ и на 20. овој месец го убил Ј.Д. (50) од село Тимјаник, неготинско.

Изминатава сабота околу 18,30 во месноста викана „Селиште“ – Копришница, атар на општина-Демир Капија, бил пронајден починат Ј.Д. од с. Тимјаник, неготинско. Потоа полициски службеници од ПС ОН Неготино во координација со ОЈО Велес извршија увид на местото на настанот и по насока на ЈО телото на починатото лице е предадено на обдукција и се преземени мерки за расчистување на случајот.

Според документираните сознанија од истрагата на 19.04. околу 17 часот во посочената месност, Д.К. од небрежност со ловна пушка “ТОЗ 63“ истрелал во правец кон Ј.Д. нанесувајќи му устрелна рана во пределот на горниот дел од телото.

Д.К. заедно со кривичната пријава и доказниот материјал денеска е предаден на ЈО од ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.